Од 1 април 2027 е-Фактура е задолжителна за сите ДДВ обврзници. Види ги роковите →
Фактурирање и е-Фактура за мали фирми

Направи фактура за минута.

И секогаш знај кој ти должи. еФинансии е едноставна програма за фактури, уплати и должници, подготвена за е-Фактура на УЈП. Работи на компјутер и телефон, без инсталација.

Без картичкаПодготвено за е-ФактураПомалку од 20 денари дневноМакедонски · Shqip · English
efinansii.mk · Почетна
Почетна
Фактури
Клиенти
Уплати
Расходи
ДДВ
е-Фактура
Издадено овој месец
486.200 ден
Ненаплатено
128.450 ден
Доцнат
3 фактури
Најголеми должниципример
Алфа Градба ДООЕЛ54.28021 ден доцни
Вардар Трејд ДОО38.9008 дена доцни
Мак-Агро ДООЕЛ35.270доспева за 3 дена
Последни фактури
2026-0142 · Бела Пекара59.000е-Фактура ✓
2026-0141 · Охрид Тур12.390Платена
✓
Фактура 2026-0142 е прифатена
Купувачот ја потврди во е-Фактура
Законот за е-Фактура

Хартиената фактура заминува. Еве кога.

Сите фирми во Македонија преминуваат на електронски фактури преку системот на УЈП, во пет фази. Ако почнете сега, ќе бидете подготвени пред вашиот рок.

1.10.2026
Доброволна примена за сите фирми
1.4.2027
Задолжително за ДДВ обврзниците
1.7.2027
Правни лица што не се ДДВ обврзници
1.10.2027
Буџетски корисници и непрофитни организации
1.1.2028
Сите останати субјекти
70.000+фирми и субјекти треба да преминат на е-Фактура
8 денарок во кој купувачот ја прифаќа или одбива е-фактурата
1 минза издавање фактура во еФинансии
Функции

Сè што ви треба за фактури и наплата, на едно место

Без сложено книговодство. Само она што малата фирма го користи секој ден.

Фактура со ваше лого, во PDF, за секунда

  • Три шаблони, лого и дигитален потпис на фактурата
  • Клиенти и артикли се внесуваат еднаш, потоа само избирате
  • ДДВ 18%, 10% и 5% се пресметува автоматски
  • Износите се заокружуваат на цел денар, како што бара книговодството
  • Фактури, профактури и понуди, на македонски и англиски
Фактура 2026-0142
Датум 05.10.2026 · Валута 20 дена
ОписКол.Износ
Пекарски производи, мешано12036.000
Достава12.000
ДДВ 5% / 18%2.160
Вкупно за плаќање40.160 ден
ИздалПримил
Како се почнува

Од регистрација до прва фактура

Отворете профил

Внесете ги податоците на фирмата и логото. Пробниот период е 30 дена, без картичка.

2 минути

Додадете клиенти и артикли

Внесете ги рачно или увезете ги од Excel или од програмата што ја користите сега: клиенти, добавувачи, фактури и расходи.

5 минути

Издадете и испратете

Изберете клиент и артикли, проверете ја фактурата и испратете ја во е-Фактура или по е-пошта.

1 минута
За кого е

За фирмите што фактурираат и за книговодствата што ги водат

Мали фирми и занаетчии

Фактурирајте сами, без Excel и Word

  • Фактура за минута, од компјутер или телефон
  • Подготвени сте за е-Фактура пред рокот
  • Гледате кој доцни со плаќање и што доспева наскоро
  • Расходите и ДДВ за плаќање ги гледате секој месец
  • Документите автоматски стигнуваат до сметководителот
Пробај бесплатно
Книговодства и консултанти

Сите клиенти во една најава

  • До 20 фирми во пакетот Сметководител
  • Фактури, уплати и документи без собирање по е-пошта
  • Извоз на податоците за книжење и резиме на ДДВ по клиент
  • Партнерска програма: провизија за секој клиент што го препорачате
Види го пакетот
Цени

Едноставни пакети, без скриени трошоци

Цените се во денари, без ДДВ. Секој пакет го пробувате 30 дена бесплатно, а пакетот може да се смени во секое време.

Фактури
За мали фирми и занаетчии што треба само да издаваат и примаат фактури.
600ден / месец
 
  • До 30 излезни фактури месечно
  • Влезни фактури — неограничено
  • 1 корисник
  • 500 MB простор
  • е-Фактура, PDF и лого
  • Извештаи за фактури
Избери Фактури
Најбаран
Финансии
За фирми што сакаат да знаат кој платил и кој должи.
990ден / месец
 
  • До 100 излезни фактури месечно
  • 3 корисници
  • 2 GB простор
  • Уплати, картица и ИОС
  • AI изводи (до 2 банкарски сметки)
  • Сè од Фактури
Избери Финансии
Макс
Целата фирма на едно место — пари, набавки, залиха, ДДВ.
2.490ден / месец
 
  • Неограничено фактури
  • 5 корисници
  • 10 GB простор
  • Расходи, добавувачи и каса
  • Понуди, договори и залиха
  • ДДВ преглед
  • Сè од Финансии
Избери Макс
Сметководител
За книговодства што водат повеќе фирми.
4.990ден / месец
 
  • До 20 фирми под една најава
  • Целото книговодство
  • Неограничено фактури
  • 10 GB простор
Избери Сметководител
390 ден / месец

Цена за основачи. Првите 100 фирми го добиваат пакетот Фактури за 390 денари месечно, односно 4.680 денари за првата година, плус ДДВ.

Резервирај место

Дополнителен простор за секој пакет: +5 GB за 149 ден, +20 GB за 390 ден месечно. Дополнителни модули за Макс (наскоро): Вработени и плати + Присутност 990 ден, Напреден магацин и производство 990 ден, Моторпул 590 ден месечно.
Почетно поставување: 2.500 ден + ДДВ, еднократно.

Споредба на пакетитеФактуриФинансииМаксСметководител
Излезни фактури, профактури, кредитни ноти✓✓✓✓
е-Фактура на УЈП✓✓✓✓
Влезни фактури — неограничено✓✓✓✓
Лого, потпис, PDF шаблони✓✓✓✓
Извештаи за фактури✓✓✓✓
Уплати, картица на клиент и ИОС—✓✓✓
AI изводи од банка—до 2 сметки✓✓
Извештаи за долг и наплата—✓✓✓
Документи со потсетник за рок—✓✓✓
Расходи, добавувачи и каса——✓✓
Понуди, договори, повторливи фактури——✓✓
Залиха и нарачки——✓✓
ДДВ преглед——✓✓
Повеќе фирми во една најава———до 20
Целото книговодство———✓
Македонски, албански и англиски✓✓✓✓
Корисници135по фирма
Излезни фактури месечно30100неограниченонеограничено
Простор500 MB2 GB10 GB10 GB
Со оператор

Вие продавате. Ние фактурираме.

Немате време за фактури? Наш оператор ги издава во ваше име. Вие само кажувате што и кому, преку апликацијата, Viber или е-пошта. Барањата до 12 часот се издаваат истиот работен ден.

до 30 фактури
Фактури2.900
Финансии4.400
Макс6.900
ден + ДДВ / месец
31–70 фактури
Фактури5.900
Финансии7.900
Макс9.900
ден + ДДВ / месец
71–100 фактури
Фактури8.900
Финансии10.900
Макс13.900
ден + ДДВ / месец
над 100 фактуриПо договорспоред обемот

Што работи операторот

  1. Фактури: ги издава фактурите по ваш налог (апликација, Viber или е-пошта) со вашето лого, ги праќа во е-Фактура и по е-пошта, ги прифаќа и архивира влезните.
  2. Финансии: плус ги книжи изводите, ги усогласува картичките, праќа месечен извештај и потсетници до должниците.
  3. Макс: плус ги внесува расходите, касата и залихата и ги подготвува книгите за ДДВ за вашиот сметководител.

Цени: без ДДВ, по број на излезни фактури месечно. Влезните фактури се вклучени до истиот број.

Почетно поставување: 2.500 ден + ДДВ, еднократно.

Не е вклучено: целото книговодство — книжења, ДДВ пријави, плати и завршни сметки. Тоа останува кај вашиот сметководител.

Услугата почнува кога ќе почне наплатата на претплатите, по бесплатниот период до 1.4.2027. Пријавете се сега и ќе ве контактираме пред почетокот: 071 205 674 · info@efinansii.mk

Прашања

Најчести прашања

Што е е-Фактура?

Е-Фактура е систем на Управата за јавни приходи преку кој фирмите ги праќаат и примаат фактурите електронски. Фактурата е потпишана дигитално и купувачот ја прифаќа или одбива во системот.

Кога мојата фирма мора да премине?

ДДВ обврзниците од 1 април 2027, правните лица што не се ДДВ обврзници од 1 јули 2027, буџетските корисници и непрофитните организации од 1 октомври 2027, а сите останати од 1 јануари 2028. Доброволно може да се почне од 1 октомври 2026.

Дали ми треба нешто за да праќам во е-Фактура?

Потребен е дигитален сертификат за потпишување на фирмата. Во еФинансии го поврзувате еднаш и потоа секоја фактура се потпишува автоматски при праќање.

Може ли мојот сметководител да има пристап?

Да. Го додавате како корисник, а книговодствата со пакетот Сметководител ги гледаат сите свои клиенти во една најава.

Дали треба да инсталирам програма?

Не. еФинансии работи во прелистувач на компјутер, таблет и телефон.

Може ли да ги пренесам податоците од програмата што ја користам сега?

Да. Во Поставки → Увоз на податоци прикачувате Excel, CSV или TXT со клиенти, добавувачи, фактури или расходи. Колоните се препознаваат автоматски, а пред увозот добивате преглед. Дупликатите се прескокнуваат.

Дали програмата е и на албански јазик?

Да. еФинансии е на македонски, албански и англиски. Секој корисник го избира својот јазик во Мојот профил, а фактурите го задржуваат јазикот на документот што сте го поставиле.

Може ли да го сменам или откажам пакетот?

Да. Поголем пакет важи веднаш, а помал пакет или откажување важи од следниот период на плаќање. Со годишно плаќање добивате 2 месеци бесплатно.

Подгответе се за е-Фактура пред рокот

30 дена бесплатно, без картичка. Фактурата ја правите за минута.

Јавете се на 071 205 674 или пишете на info@efinansii.mk